Координати: 52°14′N 5°10′E / 52.233° СГШ; 5.167° ИГД / 52.233; 5.167

Хилверсум

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хилверсум
Град и општина
Градското собрание на Хилверсум
Градското собрание на Хилверсум
Знаме на ХилверсумГрб на Хилверсум
Местоположба во Северна Холандија
Местоположба во Северна Холандија
Координати: 52°14′N 5°10′E / 52.233° СГШ; 5.167° ИГД / 52.233; 5.167
ДржаваХоландија
ПокраинаСеверна Холандија
Управа[1]
 • ОрганОпштински совет
 • ГрадоначалникПитер Бруртјес (PvdA)
Површина[2]
 • Вкупна46,35 км2 (1,790 ми2)
 • Земјишна45,62 км2 (1,761 ми2)
 • Вода0,73 км2 (28 ми2)
Надм. вис.[3]&1000000000000001500000015 м
Население (август 2017)[4]
 • Вкупно89.342
 • Густина1.958/км2 (5,070/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски број1200–1223
Повикувачки број035
Мреж. местоhilversum.nl

Хилверсум (холандски: Hilversum) — општина и град во Холандија, во покраината Северна Холандија. Се наоѓа во областа „Хет Гои“, каде што е и најголем град во истата. Опкружен е со ливади, пасишта, езера и помали градови и села кој му даваат посебна убавина на Хилверсум. Тој е дел од Ранстад, најголемата конурбација во Европа.

Хилверсум се наоѓа на 31 километри југоисточно од Амстердам и 12 километри северно од Утрехт. Градот често го викаат медиумски град, бидејќи е главен центар за радио и телевизија во Холандија. Радио Холандија се слуша во цел свет токму од Хилверсум почнувајќи од 1920 година. Хилверсум е дом на многу аудио и телевизиски стидија, кои припаѓаат на националната холандска телевизија NOS (Nederlandse Omroep Stichting), како и на сите холандски радиодифузни организации и други комерцијални телевизии и медиумски претпријатија. Холандското гласање за Евровизија обично се одвива во Хилверсум.

Според проценките од 2014 година во градот живееле околу 86.795 жители.

  1. „College van Burgemeester en Wethouders“ (холандски). Gemeente Hilversum. Архивирано од изворникот на 2016-04-21. Посетено на 1 август 2014.
  2. „Клучни бројки за соседствата“. Статистичка линија на ЦБС. Централна статистичка служба. 2 јули 2013. Посетено на 12 март 2014.
  3. „AHN Postcode tool for 1217JE“. Actueel Hoogtebestand Nederland (холандски). Het Waterschapshuis. Посетено на 1 август 2014.
  4. „Прираст на населението; региони по месеци“. Статистичка линија на ЦБС. Централна статистичка служба. 27 октомври 2017. Посетено на 27 октомври 2017.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]